Елмас заминува од Лајпциг – не прифаќа повеќе позајмици!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и дефинитивно, се чини, ова лето заминува од Лајпциг, пренесува германски „Кикер“.

Елмас е желен за вистински предизвик, по позајмицата изминатава полусезона во Торино, не задоволувајќи се со споредна улога во тимот на Лајпциг или нова позајмица. Токму поради тоа, како што пренесуваат Германците, е подготвен за заминување од клубот и реализација на нов трансфер.

„Елиф Елмас, чиј престој во Лајпциг не беше пратен со спортски успех, се очекува да го напушти клубот ова лето. По позајмицата во Торино, веројатно Елмас нема трајно да се пресели во Италија како што се очекуваше, туку наместо тоа се стреми кон поголеми цели. Во секој случај, играчот од средниот ред нема иднина во Лајпциг“ пишува „Кикер“.

Се вчитува...