Елмас запиша асистенција, Наполи освои бод против Рома (ВИДЕО)

Наполи и Рома одиграа интересен и возбудлив натпревар на „Диего Армандо Марадона“ стадионот, кој на крајот заврши без победник 2-2. Посреќен од ова реми е тимот на Наполи, кој двапати губеше, а на крајот резервист успеа да му донесе бод. Македонскиот интернационалец Елиф Елмас имаше свој придонес во овој бод, со оглед дека асистираше при израмнувачкиот гол.

Мален во 7. минута го замолкна Неапол, откако доби топка од Сарагоса и стрелаше во мрежата на Милинковиќ-Савиќ. Пред самиот крај на полувремето, Спинацола на асистенција на Елиф Елмас успеа да го израмни резултатот.

Мален во 71. минута од пенал му донесе второ водство на Рома. Стрелаше прецизно во левиот агол, и покрај тоа што Милинковиќ-Савиќ ја прочита неговата одлука. Сепак, нововлезениот Алисон Сантос во 82. минута го совлада Свилар, и успеа да донесе еден бод за својата екипа.

Се вчитува...