Феноменална победа на македонската селекција среде Ереван над Ерменија од 0-2 во 4. коло од Групата 4 во Ц-Лигата на нациите на УЕФА, со која Македонија скоро па сигурно го осигура првото место во групата и пласман во погорната квалитативна група на УЕФА.
По натпреварот еден од најдобрите македонски фудбалери, Елиф Елмас даде свое мислење за мечот.
„Знаевме дека ќе биде многу потежок меч од тој со Летонија. Дојдовме по тие три бода по секоја цена бидејќи знаевме што ни значат тие три бода. Одигравме добро во дефанзива, а во нападот ги искористивме нашите шанси. Со оваа победа обезбедивме место во Б лига и тоа е најважно во моментов“, изјави Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА