Елмазоски најново засилување на Шкупи

Шкупи денеска го промовираше Белул Елмазоски за свој нов фудбалер. Станува збор за 21-годишен фудбалер кој е роден во Италија, и минал низ различни академии во таа земја, играјќи за неколку италијански нисколигаши.

Елмазоски има потекло од Струга, игра на позицијата крилен напаѓач, и го привлече вниманието на скаутите на Шкупи.

„Го откривме во Италија, има и македонски пасош. Веруваме дека во нашите редови ќе се развива, а во иднина неговото име многу ќе се слуша“, рече Ајкут Туран, извршниот директор на клубот од Чаир за Белул Елмазоски.

Се вчитува...