Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер, беше стрелец на еден од четирите гола за лидерот во швајцарскиот шампионат Тун во победата над фенерџијата Винтертур од 1-4.
Растодер погоди во 22. минута, носејќи 0-2 за својот тим, кој на крајот славеше убедлива победа, за задржување на првото место на табелата, со три бода предност пред Сент Гален, а до крајот на 2025 година има само уште еден натпревар.
За Растодер ова беше четврти гол во сезоната, а репрезентативецот на нашата земја има и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

