Македонската кошарка стана побогата за уште двајца судии со беџот на Светската кошаркарска федерација на семинарот што ФИБА го организираше во Загреб изминатиот месец.
Она што го „градеа“ во текот на изминатите три години, Андреј Златевски и Ема Никочевиќ го претворија во она што е сон на многу млади луѓе кои се определиле судењето да им биде една од главните преокупации во животниот век.
Она што обично се нарекува и „момент за историја“, е и фактот дека во Ема Никочевиќ, Македонија го доби својот прв женски арбитар од највисокиот ранг – ФИБА. Оваа млада 29.годишна, некогашка кошаркарка, сега исто така во сферата на спортот, покрај определбата да биде професионален физиотерапевт, стигна до една голема, огромна шанса, да и се придружи на највисоката судиска фела, во Европа, во светот.
„Почнав да судам уште во 2016 година, и тоа натпревари во училишните лиги, но и т.н. ‘мали лиги’ во Шведска. Во оној сениорски ранг на натпреварување ‘влегов’ во втората половина од натпреварувачката сезона 2018/2019. А веќе во наредната, почнав да судам натпревари кои се на она највисоко ниво. Минатата сезона имав приближно 25 натпревари кои се дел од втората и третата лига-мажи, но и дваесетина натпревари од женската прва лига, вклучувајќи го и женскиот Суперкуп, потоа мечевите од полуфиналето во женскиот сениорски сегмент “, изјави Никочевиќ за официјалната веб-страница на КФСМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

