Поранешниот НБА шампион, а денеска водител на подкастот „All the Smoke“, Мет Барнс изјави дека за него камерунаскиот центар Џоел Ембид е подобар кошаркар од Никола Јокиќ.
Причината за тоа е подобрата игра во одбраната, а како што вели Барнс, повредите го спречиле да го покаже целиот свој потенцијал.
„Кога е тој здрав апсолутно нема никаква дилема. Дури понекогаш ќе се расправам за тоа, а луѓето мислат дека сум луд. Не би го одбрал Јокиќ пред Ембрид кога тој е потполно здрав. Ембид подобро се движи во одбрана. Има повеќе избор во „пик енд рол“ ситуациите. Ембид кога е здрав е голем проблем. Ние секогаш говориме кога и ако. Поминаа 10 години, едноставно немаше среќа“, изјави кошаркарот кој го освои шампионскиот прстен со Голден Стејт во 2017 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

