Болен пораз на кошаркарите на Далас, уште еден во низата по трејдот на Дончиќ во Лејкерс. Филаделфија предводена од брилијантниот Џоел Ембид ги совлада Мавс по тензичното финале со резултат 118:116.
Камерунецот се врати во голем стил. Играше по долга пауза и доминираше на теренот. Тој забележа трипл-дабл учинок – 29 поени, 11 скока и 10 асистенции, а на крајот од мечот постигна клучни поени за триумф на својот тим.
Најефикасен кај победничкиот тим беше Тајрис Макси со 33 поени, а одлична партија имаше и поранешниот ас на Реал Гершон Јабусуле кој мечот го заврши со 19 поени, осум скока и четири асистенции. Кај Далас најдобар беше Кајри Ирвинг со 34 поени.
Лука Дончиќ за првпат ги бодреше своите нови соиграчи. Иако не играше, сепак, Дончиќ од клупата го бодреше својот нов тим, кој забележа убедлив триумф во градското дерби над ЛА Клиперс со 122-97.
Доминираше Леброн Џејмс кој беше најдобар со 26 поени, девет асистенции и осум скока.
LEBRON LEADS THE WAY IN THE BATTLE OF LA!
👑 26 PTS
👑 8 REB
👑 9 AST
👑 3 STLLakers move to 7-1 in their last 8. pic.twitter.com/KQaOzAiAMI
— NBA (@NBA) February 5, 2025
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Далас 118:116
Торонто – Њујорк 115:121
Kливленд – Бостон 105:112
Бруклин – Хјустон 99:97
Чикаго – Мајами 133:124
Портланд – Индијана 112:89
ЛА Kлиперс – ЛА Лејкерс 97:122
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

