Познатиот новинар на „Атлетик“ Шемс Чаранија објави ексклузивна информација за новиот огромен договор на Џоел Ембид. Според информациите, центарот ќе стане еден од најплатените играчи досега во НБА .
Новиот тригодишен договор ќе му гарантира 193 милиони долари во Филаделфија, што значи дека за пет години ќе заработи вкупно 301 милиони долари и на тој начин ќе влезе во клубот на играчи со најбогати соработки во историјата на првенството.
Големиот ривал на Никола Јокиќ ќе има опција да игра и во сезоната 2028/29, па комплетната соработка ги надминува парите што Денвер Нагетс му ги даваат на српскиот центар Никола Јокиќ.
Интересно е што актуелниот најголем договор покрај великаните како Леброн Џејмс и Стеф Кари го има Џејсон Тејтум кој има договор според кој треба да заработи 314.000.000 долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА