Ембид надвор од терените до крајот на сезоната

Центарот на Филаделфија 76 Џоел Ембид нема да игра до крајот на сезоната! Неодамна, Ембид зборуваше за тоа колку е фрустрирачки да се игра со ограничувања поради болки во левото колено, а Сиксерси одлучија дека е подобро да се фокусира на долгорочно закрепнување.

„По дополнителна евалуација, беше утврдено дека Ембид не може да игра, ќе го пропушти остатокот од сезоната и ќе се фокусира на лекување и закрепнување“, се вели во соопштението.

Ембиид одигра само 19 натпревари оваа сезона и имаше просек од 23,8 поени, 8,5 скока и 4,5 асистенции.

Се вчитува...