Центарот на Филаделфија Џоел Ембид изјави дека се уште не е во форма пред новата сезона во НБА, иако ослабе 10 килограми.
Ембид го освои олимпиското злато со селекцијата на САД на Игрите во Париз, а сега има големи амбиции во најсилната кошаркарска лига во светот.
„Мислам дека ослабев десет килограми во однос на претходната сезона. Се уште не сум во совршена форма, сакам да ослабам повеќе. Тоа е процес. Генералниот директор Дерил Мори ќе ви го потврди тоа. Единствена цел ми е плеј-офот и освојување на титулата“, изјави Ембид.
Минатата сезона играше на само 39 натпревари поради повреда на коленото, со просек од 34,7 поени, 11 скока и 5,6 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА