Ембид: Сакам да освојам титула во НБА, но тоа не мора да биде во Филаделфија

Најкорисниот кошаркар во регуларниот дел од сезоната на НБА лигата, Џоел Ембид истакна дека има само една цел во најсилната кошаркарска лига во светот.

Со оваа реченица брилијантниот центар најави можност да ја напушти Филаделфија доколку не се создаде тим способен да го освои пехарот.

„Сакам да освојам шампионски прстен и ќе направам се за да стигнам до таму“. Не знам каде ќе биде. Дали во Филаделфија или на друго место, не знам. Сакам да си дадам шанса, а кога ќе ја освојам првата титула, ќе размислувам за втората“, изјави Џоел Ембиид.

Се вчитува...