Ембид се премисли, ќе игра за Камерун?

Џоел Ембид ги предводеше Соединетите американски држави до триумф во полуфиналната средба против Србија на Летните олимписки игри во Париз. Центарот по мечот говореше и за медиумите давајќи наговестување дека може нема да биде дел од американскиот тим во иднина.

Како што вели самиот на следните Олимписки игри кои во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес може да игра за својата татковина Камерун.

„Имав преубаво искуство во Париз. Беше и тешко бидејќи бев далеку од семејството и домот со недели. Но, оваа група на момци направи се да биде лесно.

Париз е убав град, следните Игри се во Лос Анџелес. Можеби нема да бидам таму со тимот на САД, може ќе играм за Камерун“, вели Ембид.

Се вчитува...