Џоел Ембиид физички нападнал новинар по натпреварот помеѓу Филаделфија 76 и Мемфис Гризлис кој гостите го добија со 107-127. Инцидентот се случил во Филаделфија, по убедливиот пораз на домашната екипа.
Медиумите во САД пренесуваат дека Ембид и новинарот Хејс најпрвин влегле во вербален конфликт поради текст во кој се споменуваат синот и покојниот брат на камерунски кошаркар.
Набрзо, вербалната се претворила во физичка пресметка, бидејќи Ембид се нафрлил на колумнистот на „Инквирер“, Маркус Хејс. Според американските медиуми, Хејс сакал да му се извини на Ембид за споменатата колумна, но кошаркарот тоа не го прифатил. Се додава дека Хејс претходно на социјалните мрежи му се извинил на репрезентативецот на САД, а споменатите медиуми ги отстраниле наводите за неговиот покоен брат и син.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА