Емболо против своите за деби победа на Швајцарија на СП 2022 (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Швајцарија стигна до првата победа на Мундијалот во Катар откако славеа со 1-0 против Камерун во премиерното коло од групата Г на Светското првенство.

Во првото полувреме Камерунците имаа подобри шанси, но не успеаја да стигнат до водство, па на пауза се замина со почетниот резултат. На стартот на вториот дел Швајцарија ги казни промашувањето на Камерун од првиот дел и со погодокот на Брил Емболо во 48. минута поведе со 1-0.

Сепак, фудбалерот на францускиот Монако не се радуваше на погодокот на овој меч, бидејќи е роден во главниот град на Камерун, Јаунде. На крајот се покажа дека овој гол беше клучен за победа на Швајцарците.

 

Switzerland [1] – 0 Cameroon – Breel Embolo 48′ from soccer

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...