Унаи Емери не успеа да ги реализира зацртаните цели во својата прва сезона на чело на ПСЖ, откако „светците“ беа елиминирани во осминафиналето од ЛШ, а згора на тоа и ја загубија титулата во домашното првенство од Монако. Шпанскиот стручњак веќе извесно време беше во опасност да добие отказ, но по освоениот трофеј во Купот на Франција претседателот Насер Ал Келаифи ги отстрани сите дилеми околу иднината на екс-тренерот на Севилја.
„Емери останува тренер на ПСЖ и во следната сезона. Тоа можам да ви го кажам со 200% сигурност. Има многу работи кои треба да ги промениме, но тренерот не е една од нив. Сега не е време за такви разговори, се што треба да се знае е дека Унаи Емери нема да биде отпуштен, како што тврдеа многумина“ – порача Ал Келаифи.
За очекување е ПСЖ во следниот период да направи мини-ремонт во екипата, при што се очекува да си заминат Ди Марија, Орие, Рабио… а на нивно место да пристигнат нови ѕвезди кои ќе му бидат на располагање на Емери во обид да се оствари големата желба – овој тим конечно да се бори за титулата во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА