Емери: Асенсио и Рашфорд одлично се вклопија во нашиот тим

Астон Вила со победата над Кардиф обезбеди пласман во четвртфиналето на ФА Купот, а се истакнаа двете нови засилувања во тимот, шпанецот Марко Асенсио и англичанецот Маркус Рашфорд.

Двајцата потпишаа за Астон Вила во јануари. Асенсио постигна два гола против Кардиф и има вкупно четири гола откако пристигна на „Вила парк“. Додека Рашфорд забележа асистенција, негова трета откако го напушти „Олд трафорд“.

„Ова е важно и за тимот и за нив како поединци. Асенсио се адаптираше фантастично, исто како и Рашфорд. Ќе ни требаат за следните натпревари и предизвиците што ги имаме“, изјави Емери.

Се вчитува...