Емери: Астон Вила може да го елиминира ПСЖ

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери верува дека неговиот тим може да направи целосен пресврт во реванш натпреварот против ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

Англискиот тим по првиот натпревар одигран во Париз има негатива од 3-1, но шпанскиот стартег верува дека неговиот тим со помошта на навивачите може да направи сензација.

„Ќе уживаме во вторник на „Вила Парк“ во нешто многу, многу посебно за нашите навивачи и за нас. Имаме шанса и можност да се обидеме да се соочиме со ПСЖ и да го вратиме натпреварот во наша корист. Нормално, ќе биде тешко, но мораме да се чувствуваме силни дома и да се обидеме што е можно подобро да се подготвиме за натпреварот.

Сакаме да добиеме енергија од нашите навивачи кои ќе ја искористиме на теренот. Верувам дека оваа сезона кога играме на свое ниво можеме да добиеме било кој“, изјави Емери.

Се вчитува...