Шпанскиот стратег Унаи Емери смета дека пропуштил голема шанса во Пари Сен Жермен да стане најдобар тренер во светот бидејќи тогаш не беше на сила ВАР технологијата. Емери го напушти францускиот гигант во 2018 година поради неуспесите кои ги имаше во Лигата на шампионите. Во првата сезона од неговото доаѓање ја совлада Барселона на домашен терен со 4-0, но загуби на гостувањето со 6-1. Следната година во истата фаза од натпреварувањето беше елиминиран од Реал Мадрид.
„Во Париз пропуштив шанса да станам најдобар тренер во светот. Освоив четири лиги и четири домашни купа. Сепак, главна цел беше Лигата на шампионите. Првата година против Барселона одигравме неверојатно, но загубивме бидејќи ВАР се уште не беше на сила. Јасно е дека изгубивме поради судиски одлуки“, изјави Емери.
Емери после ПСЖ го презеде Арсенал, но и таму не се снајде најдобро, па на крајот на минатата година заработи отказ од лондонскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА