Премногу „прашина“ се крева околу случајот Нејмар и неговата повреда на ногата, како и неговото играње, односно неиграње во реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Наводно, повредата на Бразилецот е посериозна ќе мора да оди на операција, или барем така известија шпанските и бразичските медиуми, но предводникот на ПСЖ, Унај Емери денес ги демантираше сите шпекулации дека Нејмар ќе оди „под нож“.
Шпанскиот стратег истакна дека разговарал со медицинскиот тим на клубот кој работи на опоравувањето на најскапиот фудбалер во светот, и според нив нема потреба за никаков хируршки зафат.
„Не е точно дека Нејмар ќе прави операција, разговарав со докторите и ми ја образложија ситуацијата околу неговата повреда, а исто така зборев и со Нејмар. Тој најмногу од сите сака да игра против Реал, и ако постои најмала шанса, Нејмар ќе биде подготвен за реваншот“, вели Емери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА