Емери доби еден месец за да си го спаси работното место во Арсенал

Шпанскиот стратег Унаи Емери е на удар на фановите на Арсенал откако тимот оствари само две победи на последните девет натпревари во Премиер – лигата. Реагираше и раководството на клубот давајќи му рок од еден месец на Емери да ги подобри работите и да го сочува местото на клупата на „топчите“. Во спротивно, му се заканува отказ.

Медиумите на Островот најавуваат дека Жозе Мурињо веќе води преговори со челниците на Арсенал, а најверојатно ќе седне на клупата пред зимскиот преоден рок, затоа што би сакал да доведе и две нови засилувања според свој вкус. Дотогаш Унаи Емери има можност да ја подобри состојбата со неколку победи во низа во англискиот шампионат.

Арсенал по 11 одиграни кола се наоѓа на петтата позиција на табелата во Премиер – лигата со 17 освоени бода, дури 14 помалку од лидерот Ливерпул.

Се вчитува...