Дуелот на домашен терен против Реал Мадрид дефинитивно е „меч на сезоната“ за ПСЖ, па јасно е зошто тренерот Унаи Емери не сака да ризикува да дојде до нови несакани проблеми со повреди кај неговите фудбалери.
„Светците“ утре во рамките од француското првенство му гостуваат на тимот на Троа, но Емери најави целосна ротација откако реши клучните играчи на ПСЖ воопшто да не патуваат на ова гостување. Нејмар веќе замина на операција во Бразил, Мбапе се повреди во минатото коло и ќе паузира, а со остатокот од тимот не отпатуваа ниту Кавани, Верати, Маркињол и Пасторе.
На списокот на Емери се најде и 18-годишниот Тимоти Веа, синот на прославениот голгетер Жорж Веа, кој според најавите ќе добие шанса барем дваесетина минути за да ги покаже своите квалитети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА