Унаи Емери, менаџерот на Астон Вила беше видно нервозен по поразот на домашен терен од Евертон со 0-1, кој ги „изгаси“ шампионските амбиции на тимот од Бирмингем.
Астон Вила пропушти да се доближи до Арсенал и да му избега на тимот на Сити на второто место, но не успеа во тоа, а Емери видно вознемирен по мечот кажа дека неговиот тим не е претендент ниту за првите пет тима, а не да се зборува за титула.
„Не сме меѓу претендентите за место меѓу првите пет. И натаму не сме таму. Има тимови со поголем потенцијан од нас“, изјави менаџерот на Астон Вила.
Оваа изјава беше опишана како необична, особено кај навивачите кои имаа високи очекувања, но оваа изјава и дефинитивно ги „олади“ и нивните желби и амбиции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

