Емери го сака Џулијан Вајгл на „Емирати“

Англискиот премиерлигаш Арсенал е заинтересиран за фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џулијан Вајгл. Менаџерот на „топчиите“, Унаи Емери, смета дека тој би бил идеално засилување за неговиот тим.

Вајгл во 2015 година од Минхен 1860 го облече дресот на „милионерите“ и брзо се наметна како еден од најдобрите млади играчи во Германија. Арсенал е подготвен да плати 40 милиони фунти и да го купи веќе во зимскиот преоден рок.

Вајгл ја загуби планираната минутажа по доаѓањето на Аксел Витсел во редовите на Борусија Дортмунд, а Арсенал сака тоа да го искористи и да го доведе на „Емирати“.

Се вчитува...