Емери ја обвинил партнерката за отказот од Арсенал: „Белата вештерка“ ми донесе несреќа

Шпанскиот стратег Унаи Емери ја обвинил поранешната партнерка Саша Рајт за отказот што го доби од англискиот премиерлигаш Арсенал. Тој ја обвинил Саша дека му донела несреќа во Лондон. Тие биле заедно 13 години, а неодамна се разделиле.

„Тој мене ме обвини за отказот што го доби од Арсенал. Ме нарече „бела вештерка“ и мислеше дека сум му донела несреќа во Лондон. Една вечер отпатував за Сан Себастијан да го следам мечот на Арсенал, тие загубија, а потоа бесот го истури на мене. Мислев дека е џентлемен и дека сака да формираме семејство, но излезе дека не е подготвен за сериозна врска“, открива поранешната партнерка на Унаи Емери.

 

Се вчитува...