Емери ја препороди Астон Вила: Втор меч и втора победа во Премиерлигата

Астон Вила дојде и до втората победа во Премиерлигата по пристигнувањето на Унаи Емери. Тимот од Бинримнгем после пресврт го совлада тимот на Брајтон на негов терен.

МекАлистер уште во 1. минута го донесе Брајтон во водство. Ингс од пенал во 20. минута успеа да израмни, а истиот играч во 54. минута донесе пресврт и победа на Астон Вила.

Емери во минатото коло од Премиерлигата го совлада Манчестер Јунајтед, а сега тимот може да оди помирно на паузата поради Мундијалот во Катар.

Се вчитува...