Емери ќе ги продава Озил и Мхитарјан за да го освежи Арсенал

Англискиот премиерлигаш Арсенал и оваа сезона не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите преку Премиер лигата, а тоа е јасен знак дека треба нешто да се менува на „Емирати“. Менаџерот Унаи Емери ќе тргне во реновирање на составот, а први за продажба ќе бидат ѕвездите Месут Озил и Хенрик Мхитарјан. Раководството на „топчиите“ планира двајцата офанзивци да им се придружат на Арон Рамзи, Петр Чех и Дани Велбек во заминувањето од клубот.

На овој  начин треба да бидат обезбеди средства за нови засилувања. Веќе се познати и потенцијалните нови имиња, Николас Пепе од Лил, младиот бразилски тинејџер Габриел Мартинели и германскиот репрезентативец Џулијан Брант кој го носи дресот на Баер Леверкузен.

 

Се вчитува...