Пари Сен Жермен за противник во осминафиналето на Лигата на шампионите го доби актуелниот европски првак Реал Мадрид. Тоа секако ќе биде еден од најинтересните дуели во елитното европско натпреварување, заедно со пресметката меѓу Барселона и Челси.
Шпанскиот стратег на кормилото на „светците“, Унаи Емери, смета дека ПСЖ може да се надигрува со „кралскиот клуб“, кој ја брани титулата во Лигата на шампионите.
„Реал Мадрид секако е тежок противник, но можеме да се надигруваме со нив и имаме реални шанси за да се пласираме во следната рунда. Ако сакате да го освоите трофејот во ЛШ, едноставно морате да бидете подобри и од најдобрите тимови. Почнува нокаут фазата и тука треба да се покаже цврстиот карактер и вистинскиот талент на тимот“, изјави Унаи Емери, тренерот на Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА