Огромно беше разочарувањето во таборот на ПСЖ откако францускиот првак прокоцка огромна предност и со три примени гола во самиот финиш беше елиминиран од Барселона. Тренерот Унаи Емери вината сепак не ја бара кај своите фудбалери, туку кај судиите кои според него имале неколку одлуки со кои влијаеле врз конечниот исход.
„Не станува збор за нашето искуство или неискуство, туку до судиите. Сите спорни одлуки кои беа донесени беа на штета на нашата екипа. При 3-1 имавме идеална шанса преку Ди Марија, но ова дефинитивно е стадион на кој буквално се може да се случи. Разочарувањето е огромна, допрва ќе следат поконкретни анализи“ – истакна тренерот на ПСЖ.
Елиминацијата од ЛШ, и тоа на ваков начин, дополнително ќе го зголеми притисокот врз шпанскиот стратег, кому дефинитивно му се заканува отказ по променливите игри во домашното првенство, каде ПСЖ пред неговото доаѓање беше „недопирлив“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА