Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери призна дека не знае дали доскoрешниот капитен на неговиот тим, Гранит Џака, повторно ќе заигра за клубот. Поради инцидентот кој го предизвика на мечот против Кристал Палас во моментите кога излегуваше од теренот, на Џака му беше одземена капитенската лента, а оттогаш и воопшто не се појави во тимот на Арсенал. Тој нема да биде во составот ниту за денешната пресметка против Лестер.
„За овие натпревари не е подогтвоен и не знам дали воопшто ќе игра за нас. Не знам дали психилошки е подготвен да го брани дресот на Арсенал и натаму. Разговараме со него. Човек не може да се промени за толку кратко време. Ќе зборувам со него и по репрезентативната пауза. Прашањето за трансфер се спомена. Но не размислувам сега за тоа затоа што е уште ноември и имаме да одиграме многу натпревари и овој и следниот месец“ – изјави Емери на официјалната прес конференција пред мечот со Лестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА