Емери објасни зошто не се ракувал со Артета

Астон Вила доживеа тежок пораз од 4-1 на „Емирати“, завршувајќи ја брилијантната серија од 11 натпревари без пораз, но моментот по последниот свиреж го привлече вниманието повеќе од резултатот. Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери не се ракуваше состратегот на Арсенал, Микел Артета, што веднаш предизвика реакции во јавноста.

По натпреварот, Шпанецот објасни што навистина се случило. Камерите го снимија моментот во кој Емери се приближи до клупата на Арсенал, но не се ракуваше со Артета, што предизвика низа шпекулации. Но, шпанскиот стручњак набрзо објасни дека зад сè немало никаков конфликт.

„Сè е многу едноставно, сè може да се види на видеото. Сакам да го правам тоа брзо – да се ракувам и да одам во соблекувалната со играчите и персоналот. Го чекав, но тој беше зафатен со асистентите, па решив да си заминам. Не гледам никаков проблем во тоа“ – рече Емери.

Тој додаде дека се фокусирал исклучиво на својот тим по тешкиот пораз. Зборувајќи за самиот натпревар, тренерот на Астон Вила истакна дека неговиот тим добро го отворил натпреварот.

„Во првото полувреме игравме многу добро, не дозволивме ниту еден корнер и се чувствувавме безбедно. Потоа примивме гол, а се повреди и Онан, кој ни е многу важен на средината на теренот. Не се откажавме, постигнавме еден гол и создадовме уште неколку шанси, но Арсенал е најдобриот тим во лигата и главен фаворит за титулата“ – рече Емери.

Се вчитува...