Емери потврди: Си одам од ПСЖ!

Тренерот на Пари сен Жермен, Унаи Емери, денеска и официјално потврди дека на крајот од оваа сезона ќе си замине од „Паркот на принцовите“. Шпанецот едвај преживеа минатото лето, кога по фијаското во ЛШ со Барселона остана и без домашна титула од Монако. Тогаш раководството на клубот му искажа поддршка, во меѓувреме ги доведе Нејмар и Мбапе, но по најновиот неуспех во Лигата на шампионите беше јасно дека Емери нема да „преживее“.

„Се сретнавме со претседателот, спортскиот директор и со фудбалерите, за да им соопштиме дека нема да продолжам со тренерската функција во следната сезона. Разделбата е пријателска, среќен сум што бев овде“ – изјави Емери.

Шпанскиот стратег се враќа во татковината не успевајќи да ја реализира главната цел за која беше доведен, да му ја донесе на ПСЖ титулата европски првак. Негова следна дестинација најверојатно ќе биде Реал Сосиедад, додека во игра за наследник покрај фаворитот Томас Тухел сега се вмешува и Арсен Венгер, кој јасно стави до знаење дека е подготвен за нов ангажман по заминувањето од Арсенал на крајот од сезонава.

Се вчитува...