Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери се одлучи да ги демантира постојаните наводи за заминување на Бразилецот Нејмар од неговиот клуб.
Дел од најпознатите европски медиуми не престануваат со шпекулациите за заминување на Нејмар од клубот, поради што и Емери се одлучи да не молчи повеќе.
„Кога го донесовме од Барселона тоа беше со јасна цел. Клубот и претседателот сакаат да остане и тој ќе остане тука со нас. Затоа повикувам доста веќе со шпекулации“ – вели Емери за „Л’Екип“.
Нејмар досега постигна седум гола на осум првенствени дуели…
„Најважна работа е теренот и случувањата на него. Секој е прво човек, а потоа фудбалер. Разговарав со Нејмар, и тоа е многу позначајно од било која шпекулација. Адаптацијата на нова средина е различна за секој фудбалер. Некои се прилагодуваат побрзо, некои поспоро. Ние сите ќе му помогнеме што побрзо да се адаптира и на животот во главниот град на Франција, колку и да има проблеми со тоа“ – вели Емери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА