Емери стана хит на социјалните мрежи: Добро вечер, 39 бодови… чудесно (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед со голем пресврт успеа да стигне до победа во средбата против Астон Вила. „Црвените ѓаволи“ имаа негатива од два гола на полувремето, но успеаа да стигнат до победа од 3-2 благодарение на двата гола на Гарначо и едниот на Хојлунд.

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери на интересен начин го прокоментира натпреварот и веднаш стана хит на социјалните мрежи. Французинот навидум воопшто не беше разочаран од играта на неговиот тим во второто полувреме па ги спомена освоените бодови кои му го донесоа третото место на табелата.

„Добро вечер. 39 бодови… чудесно“, изјави Емери.

Се вчитува...