Емерсон Палмиери се наоѓа пред излезните врати од „Стемфорд Бриџ“, а Италијанецот најверојано ќе заврши во редовите на Наполи како нов соиграч на нашиот Елиф Елмас, пренесуваат италијанските медиуми.
Дваесетишест годишникот кој пристигна во редовите на „сините“ во 2018 година од Рома е прекуброен играч на бековската позиција зад Чилвел и Алонсо па во потрага по минути и дефинитивно ќе го напушти клубот ова лето.
Репрезентативецот на Италија сака повторно да заигра во домашното првенство, а веќе и ги договорил условите со клубот од Неапол па останува уште Челси да даде зелено светло. Доколку овој трансфер се реализира тоа ќе биде едногодишна позајмица со обврска за купување на играчот по крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА