Емил Божиновски ќе биде контролор на судењето на Суперкупот на Европа

Претседателот на Судискиот одбор на ФФМ, Емил Божиновски, ќе добие голема чест од УЕФА да биде контролор на судењето на Суперкупот на Европа, дуелот меѓу европскиот првак Реал Мадрид и победникот во Лигата на Европа, Манчестер јунајтед, што ќе се одигра на 8. август на „Телеком Арена“ во Скопје. Тој ќе добие улога да го контролира судењето на италијанскиот судија Џанлука Роки, кој е одреден од УЕФА да ја дели правдата на овој меч.

На Роки ќе му помагаат неговите сонародници Еленито ди Либераторе и Мауро Тонолини. Четврти судија ќе биде Рикарди ди Фиоре, а судии зад голот се Давиде Маса и Масимилијано Ирати. Ова секако е големо признание за Емил Божиновски, кој е поранешен истакнат меѓународен судија.

 

Се вчитува...