Уште едно признание за Емил Божиновски од Европската куќа на фудбалот. УЕФА го делегираше Божиновски за контролор на уште еден натпревар на европската сцена.
Откако минатата недела беше контролор на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Салцбург, претседателот на судискиот одбор на ФФМ и поранешен македонски интернационален судија сега ќе биде контролор на натпреварот меѓу Лудогорец и Тотенхем во 3. коло од Лига Европа.
Натпреварот се игра на 5. ноември во Разград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА