Емил Божиновски контролор на Барселона – Спортинг, Ставрев суди во Израел

Менаџерот на судиите при ФФМ, Емил Божиновски, ќе биде контролор на утрешниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Спортинг Лисабон на „Камп Ноу“. Ова е последно шесто коло од групната фаза во елитното европско клупско натпреварување.

IMG_1442

Нашиот најдобар судија Александар Ставрев, кој на синоќешниот избор на ФФМ го потврди својот примат, исто така ќе има интернационални обврски. Тој ќе го суди натпреварот од Лигата на Европа меѓу Хапоел Бер Шева и Плзен, в четврток во Израел.

Се вчитува...