Емил Божиновски контролор на дербито: Интер-Ливерпул

Поранешниот наш најдобар фудбалски судија, сега еден од највлијателните контролори на меѓународната сцена Емил Божиновски доби големо признание од страна на Судискиот одбор на УЕФА.

Тој е одреден да го контролира судењето во завршните борби во Лигата на шампионите на дербито меѓу Интер и Ливерпул што ќе се одигра во Милано на 16 февруари. Тоа е првиот меч меѓу овие два фудбалски гиганта.

Поради обврски во УЕФА, на свое барање Божиновски ја напушти позицијата претседател на судиската комисија на ФФМ и сега ќе држи семинари за судии не само во Македонија туку и во регионот. М./М.

Се вчитува...