Нашиот поранешен најдобар фудбалски судија, денес влијателен контролор на листата на ФИФА Емил Божиновски, доби уште едно признание од судиската комисија на УЕФА бидејќи е одреден да го контролира судењето на Европското првенство за фудбалери до 19 години што ќе се одржи на Малта од 3 до 17 јули.
На првенството ќе учествуваат осум репрезентации, кои преку квалификационите натпревари во групи го обезбедија настапот на овој собир на најталентираните млади фудбалери во Европа. На Малта ќе се борат за титулата европски првак репрезентациите на Полска, Португалија, Италија, Шпанија, Норвешка, Исланд, Грција и Малта како домаќин. На првенството ќе судат шест најперспективни судии во Европа.
Нивното судење покрај Божиновски ќе го следат и контролори од Англија, Шведска и Белгија./М.М/
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

