Иако сезоната на фудбалските натпревари во Лигата на шамшионите, Лигата на Европа и Конференциската лига е при крај и останува да се одиграат полуфиналните и финални средби, се уште има ангажмани од страна на комисиите на УЕФА за претставниците на ФФМ.
Нашиот најдобар поранешен судија, денес еден од најактивните контролори на меѓународната сцена Емил Божиновски на 18. мај ќе го контролира судењето на реванш полуфинална средба од Конференциската лига меѓу холандскиот клуб Аз Алкмар и англискиот Вест Хем. Во првиот меч со пресврт победи Вест Хем со 2-1.
Во годинашнава сезона на европските купови, комесарот за безбедност и интегритет во ФФМ, Роберт Марковиќ на двапати се грижеше за безбедноста на натпреварите на АЗ Алкмар против Андерлехт и Лацио и на двапати му донесе среќа за да победи. Сега ќе видиме дали и Божиновски ќе биде среќлија за холандскиот тим. Инаку, во минатата сезона Божиновски го контролираше судењето на мечот во Лигата на Европа меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Вест Хем (2-1).
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА