Емил Божиновски контролор на мечот Барселона-Јанг Бојс

Нашиот поранешен најдобар фудбалски судија, денес еден од влијателните контролори на европската сцена Емил Божиновски, од страна на Судиската комисија на УЕФА е одреден да го контролира судењето во второто коло  во новиот систем на натпревари во Лигата на шампионите меѓу Барселона и Јанг Бојс. Мечот се игра на стадионот „Ноу Камп“ на 1 октомври. И двата тима не се прославија во првото коло. Барселона загуби во гости од Монако со 2:1, а Јанг Бојс на свој терен беше поразен од од Астон Вила со 2:0.

Интересно е да се напише дека во последните четири години Божиновски по трет пат ќе го контролира судењето на мечевите на Барселона. Првпат против Викторија Плзен, а потоа со Спортинг од Лисабон. Сите средби се играа на стадионот „Ноу Камп“.

Менаџерот за фудбал во Фудбалската федерација на Македонија Жарко Игњатовски до крајот  на новиот систем на Лига на Европа ќе биде организационен директор на сите средби кои на свој терен ќе ги игра чешкиот претставник во лигата Викторија Плзен. Дебито како организационен  директор ќе го има на 3 октомври на мечот меѓу Викторија Плзен и бугарскиот клуб Лудогорец. На стартот, во првото коло Викторија Плзен во гости ремизираше 3:3 со Ајнтрахт Франкфурт, додека Лудогорец на свој терен загуби од Славија Прага со 2:0.

М.М.

Се вчитува...