Емил Божиновски контролор на мечот Фиорентина-Викторија Плзен

Нашиот поранешен најдобар  фудбалски судија Емил Божиновски, кој долго години судеше на европската меѓународна сцена, денес мошне почитуван контролор, доби нова задача од страна на Судиската комисија на УЕФА .

Тој е одреден да го контролира судењето на реванш мечот од четвртфиналето на Конференциската лига на Европа меѓу Фиорентина и полскиот претставник Викторија Плзен. Натпреварот се игра денеска со почеток во 18.45 часот на стадионот „Артемио Франки“ во Фиренца.

Првата средба заврши без победник  0:0.

М.М

Се вчитува...