Нашиот поранешен најдобар фудбалски судија,сега влијателен контролор на судење на листата на ФИФА и УЕФА Емил Божиновски, на 28. март, во Битуми во Грузија ќе го контролира судењето на квалификациониот меч за настап на европското првенство во рамките на А групата меѓу Грузија и Норвешка.
Во групата се уште Шпанија, Шкотска и Кипар. Во првите две кола во оваа група постигнати се овие резултати: Шпанија-Норвешка 3-0 и Шкотска-Кипар 3-0 така што овој натпревар ќе биде практично битка за второто место бидејќи репрезентацијата на Шпанија е апсолутен фаворит за првото место.
Интересно е да се напише дека пред три дена во пријателски меч Грузија ја совлада Монголија со 6-1. Во текот на март повеќе функционери и судии од Македонија беа ангажирани од комисиите на УЕФА почнувајќи од Ива Пројковска, Жаре Игњатовски, Марјан Младеновски, Јован Качевски и Бранко Путилин./М.М/
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

