Емил Божиновски контролор на мечот Јувентус-ПСЖ

И последното коло од групната фаза во европските фудбалски купови не може да мине без претставниците од Македонија во комисиите на УЕФА. Нашиот поранешен меѓународен судија, сега еден од најпознатите контролори во УЕФА, Емил  Божиновски, на 3. ноември во Торино ќе го контролира судењето на мечот во Лигата на шампионите меѓу Јувентус и францускиот шампион Пари Сен Жермен. По вторпат Божиновски ќе биде контролор на овие две екипи. Беше контролор на средбите Зенит-Јувентус и на Пари Сен Жермен-Ливерпул.

За Италија ќе патува и генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија Филип Поповски. Тој на 2. ноември, во групната фаза на Лигата на шампионите, ќе биде организациски директор на мечот меѓу Милан и Салцбург кој одлучува кој ќе продолжи идната година во нокаут фазата во Лигата на шампионите или во Лигата на Европа.

Минатиот четврток, раководителот за безбедност и интегритет во ФФМ, Роберт Марковиќ, од страна на Комисијата на УЕФА беше одреден да се грижи за безбедноста на средбата од Лигата на Европа меѓу Ница и Партизан, сега на 3. ноември ќе одговара за безбедноста на натпреварот меѓу Динамо/Киев/ и Фенербахче на неутрален терен во Полска, во Краков .

И Жарко Игњатовски, менаџерот за фудбал во ФФМ има исто така задолжение од УЕФА. Тој ќе биде организациски директор во Лигата на Европа на мечот меѓу Шериф од Молдавија и Фенербахче, закажан за 3. ноември во Кишињев. Игњатовски беше директор и на натпреварите на Шериф против Манчестер Јунајтед и Реал Сосиедад.

/М.М/

Се вчитува...