Емил Божиновски контролор на мечот Милан – Славија, Жарко Игњатовски директор на средбата Динамо – ПАОК

И на стартот на новата фудбалска сезона во Европа, Судиската комисија на УЕФА не ги заборава претставниците на Фудбалската федерација на Македонија. Поранешниот наш најдобар судија, денес мошне влијателен контролор на меѓународната сцена Емил Божиновски на 7. март ќе го контролира судењето на натпреварот од осминафиналето во Лигата на Европа меѓу Милан и Славија од Прага.

Истиот ден на стадионот Максимир во Загреб, менаџерот за фудбал во ФФМ, Жарко Игњатовски ќе биде организациски директор на мечот од осминафиналето во Конференциската лига на Европа меѓу Динамо и ПАОК од Солун.

Игњатовски како да му носи среќа на загрепскиот клуб. Пред две недели беше исто така во улога на организациски директор на натпреварот од групната фаза меѓу Динамо и  Бетис од Шпанија на кој загрепчаните изборија пласман во осминафиналето на ова натпреварување.

М.М.

Се вчитува...