Емил Божиновски контролор на мечот Наполи-Реал Мадрид

Нашиот поранешен најдобар фудбалски судија Емил Божиновски, денес еден од најпознатите контролори на судењата на меѓународната сцена, доби големо признание од Судиската комисија на УЕФА. Тој на 3 октомври ќе го контролира судењето на мечот во второто коло од групната фаза во Лигата на европските шампиони меѓу Наполи и Реал Мадрид. Ова е вторпат како Божиновски го контролира судењето на овие две екипи.

Првпат на мечот Наполи-Бриж и на средбата Реал Мадрид-Ајакс. Истиот ден во попладневните часови Емил Божиновски ќе биде контролор и на средбата мегу младите екипи на Наполи и Реал Мадрид во рамките на Лигата на шампионите во оваа конкуренција. Ретко се случува еден контролор во европските купови во еден ден да го контролира судењето на два натпревари што е уште еден доказ какво реноме има Божиновски во Судиската комисија на УЕФА .

Минатата недела беа доста ангажирани претставниците на Фудбалската федерација на Македонија од страна на комисиите на УЕФА. Нашата најдобра судијка Ива Пројковска во познатиот туристички центар во Италија Кастело ди Сангро, го судеше мечот од првото коло во новоформираната Лига на европските нации во женски фудбал меѓу Италија и Шведска 0:1. И помагаа Елена Соклевска-Илиевски и Вјолца Изеири, четврта судијка беше ИренаВелевачкоска Ристевски.

Комесарот за безбедност и интегритет во ФФМ Роберт Марковиќ се грижеше за безбедноста на мечот од првото коло од групната фаза во Конференциската лига на Европа во Aзербејџан меѓу клубовите Карабах и норвешкиот Молде кој беше прогласен за висок ризик поради настаните во тој дел на Европа.
M.M

Се вчитува...