Претседателот на Судискиот одбор на ФФМ, Емил Божиновски, доби големо признание од Судискиот комитет на УЕФА. Тој е одреден да биде контролор на дерби – мечот во Лигата на шампионите меѓу Пари Сен Жермен и Ливерпул, кој ќе се одигра на 28 ноември на „Паркот на принцовите“ во Париз.
Очигледно е дека Божиновски одлично котира меѓу контролорите за судење во УЕФА. Тој претходно беше контролор и на мечот во Москва меѓу ЦСКА и Рома од елитното европско клупско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА