Бордот на директори на ФК Брегалница денеска го именуваше Емил Грнев за нов шеф на стручниот штаб на штипска Брегалница.
Грнев, кој досега работеше како тренер во Академијата Постолов – Пандев, во пролетниот дел од шампионатот ќе ја предводи Брегалница во обидот за враќање на прволигашкиот статус. На Грнев ќе му помага Игор Стојанов кој повторно се враќа меѓу „сините“, а тренер на голманите останува Александар Митрев.
Во желбата за враќање во Првата лига, од Брегалница планираат серија засилувања за пролетниот дел од сезоната. Пред кам-бек е стоперот Дарко Стојанов, а се најавува враќање и на Илиев и Митрев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА