Македонскиот каратист Емил Павлов избори пласман во полуфиналето на Медитеранските игри што се одржуваат во шпанскиот град Тарагона.
Павлов имаше одличен настап на вториот ден од Игрите и славеше победа против францускиот каратист Јохан Лопес со 1-0.
Македонскиот претставник во првото коло беше поуспешен од Оргес Арифи со 3-1, а со овој триумф против Лошес, избори место во полуфиналните борби.
Следен противник на Павлов ќе му биде Мароканецот Амекнаси.
Победа извојува и Ненад Келебиќ против Мароканецот Захарија со 9-7 и следен противник ќе му биде Турчинот Бурак.
Настапот на Медитеранските игри заврши за македонската каратистка Симона Заборска која беше поразена од Турчинката Туба Јакан.
На Медитеранските игри во Тарагона денеска настапуваат и двете ракометни репрезентација на Македонија, и ракометарите и ракометарките во првиот меч на на турнирот играат против селекциите на Турција.
Македонскиоте одбојкари по вчерашниот пораз од Египет, денеска ги очекува дуелот со Шпанија.
А, на стрелиштетот во тарагона денеска ќе настапи и македонскиот претставник во стрелаштво, Петар Јаневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА